Новиот тренер на Реал има барање: Последниот трансфер на Чаби Алонсо веднаш да биде поништен

Младиот бразилски напаѓач, Ендрик, од пред неколку дена е член на францускиот Лион, каде што беше испратен на позајмица од Реал Мадрид. Тој веќе и дебитираше за новиот клуб и веднаш постигна гол во Купот на Франција.

Но, по отказот на Чаби Алонсо, работите се променија. Алваро Арбелоа бара од Флорентино Перес оваа позајмица веднаш да биде поништена и Ендрик да се врати во Реал Мадрид.

Познавачите на ситуацијата сметаат дека токму Арбелоа е човекот кој од првиот ден му давал поддршка на Бразилецот, а сега сериозно ќе смета на неговите услуги, посебно по болната елиминација од Албасете во Купот на Шпанија.

Сепак, многумина се прашуваат како е можно да биде поништена позајмицата, посебно кога фудбалерот веќе настапи за новиот клуб. Можно е бидејќи Кралевите во договорот за позајмица ставиле клаузула дека може да го раскинат договорот доколку Чаби Алонсо добие отказ и новиот тренер побара Ендрик да се врати.

Во Лион не обратиле внимание на овој дел од договорот бидејќи сметале дека такво нешто не е можно и Чаби Алонсо со сигурност ќе остане тренер на Кралевите до крајот на сезоната, но сега може да останат без големото засилување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести