8.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Новиот тренер на Шкупи си замина и без да одработи првенствен натпревар: Еркан Мурсели поднесе оставка

Кризата во Шкупи добива ново поглавје и ситуацијата во клубот изгледа сè поалармантно. Само четири дена пред стартот на пролетниот дел од првенството, последнопласираниот тим на табелата остана без шеф на стручниот штаб.

Иако клубот најави дека првиот натпревар како домаќин против Тиквеш ќе го одигра во Кавадарци, сè погласни се шпекулациите дали Шкупи воопшто ќе ја доигра сезоната, со оглед на сериозните организациски проблеми и само еден освоен бод досега.

Еркан Мурсели, кој оваа зима беше назначен за нов тренер, реши експресно да се повлече од функцијата, јавно објавувајќи дека условите за работа се неодржливи.„Јас, како главен тренер на фудбалскиот клуб Шкупи, јавно ја објавувам мојата оставка од оваа функција.

Мојата одлука е резултат на последните случувања и несаканите процеси во клубот, како и на недостатокот од институционална јасност.

Би сакал да нагласам дека оваа позиција ја прифатив исклучиво од љубов и почит кон ФК Шкупи, вложувајќи го својот максимум, и професионално и човечки, без каква било поддршка или финансиска сигурност.

Во вакви околности сметам дека продолжување на соработката е невозможно. Му посакувам на клубот стабилност, јасно раководство и многу успеси во иднина“, се вели во објавата на Еркан Мурсели.

- Оглас -

Најнови вести