Новиот тренер на Тотенхем е две години помлад од Герет Бејл

Рајан Мејсон е наименуван за привремен тренер на премиерлигашот Тотенхем. Мејсон има само 29 години, а во 2018 година поради повреда на черепот ја заврши играчката кариера. Мејсон досега работеше со младинци во академијата на Тотенхем.

По заминувањето на Жозе Мурињо, клубот мораше брзо да реагира, бидејќи веќе утре лондонските Петли имаат меч со Саутхемптон, па се решија за привремено решение. Најавите се дека младиот Мејсон ќе ја води екипата до крајот на сезонава. Најважен меч ќе им биде финалето на Лига купот кое се игра в недела против Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести