Новиот тренер на Вардар пристигна во Македонија и веќе се запозна со Скопје (Фото)

Лидерот во македонското фудбалско првенство, екипата на Вардар од следната сезона и дефинитивно ќе има нов тренер и тоа странец. Аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани ќе го наследи Гоце Седлоски на тренерската функција, додека актуелниот стратег на Вардар целосно ќе се посвети на работата во репрезентацијата на Македонија.

Фабијани до пред неколку месеци беше на чело на прославениот аргентински клуб Њуелс олд бојс, а од синоќа е во Скопје. Аргентинскиот стратег преку социјалните мрежи потврди дека е во Македонија, објавувајќи една убава фотографија од нашиот главен град.

И аргентинските медиуми потврдуваат дека Фабијани ќе биде новиот тренер на Вардар. Фабијани е некогашен напаѓач чија играчка кариера траеше речиси 20 години, а најголемиот дел го има поминато играјќи во домашни клубови. Тренерската кариера ја започнува во 2021 година во Феникс де Пилар, а потоа има работено во Депортиво Риестра и Депортиво Мерло, а последен ангажман му е во Њуелс олд бојс, клубот од каде што потекна и легендарниот Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести