24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Новиот тренер на Ѕвезда има позитивен скор против Жељко Обрадовиќ во Евролигата

Јоанис Сферопулос веќе се фати за работа и го одржа првиот тренинг со својот нов клуб Црвена ѕвезда, а фановите на овој клуб дознаа една пријатна статистика врзана за Гркот, тој има повеќе победи од порази против екипите кои ги водел Жељко Обрадовиќ, актуелниор тренер на ривалскиот Партизан.

Севкупно, трофејниот Обрадовиќ е далеку поуспешен во меѓусебните дуели, но ако се гледаат само евролигашките пресметки, подобар е Сферопулос со 6-5. Сепак, една од победите на Србинот во финалето на Евролигата во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести