12.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Новите газди на Челзи ветиле 200 милиони фунти за нови играчи

Тренерот на Челзи, Томас Тухел ќе може да донесе дури шестмина нови играчи во летниот преоден рок, доколку се точни ветувањата од новиот газда на лондонскиот клуб. Сопственикот Тод Боели ветил дека ќе бидат обезбедени 200 милиони фунти кои треба да се потрошат за доведување на нови играчи на „Стемфорд Бриџ“.

Една од главните цели е да се најде стабилен централен дефанзивец за да се пополни испразнетото место по заминувањето на Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен. Исто така се очекува наоѓање и на квалитетен играч во нападот, а тука во игра се Стерлинг од Сити, Дембеле од Барселона, Жезус од Сити и Ричарлисон од Евертон.

- Оглас -

Најнови вести