Новите газди на Њукасл сакаат да го купат и Интер!

Кинеските сопственици на Интер имаат финансиски проблеми, летово мораа да го продадат Ромелу Лукаку, се откажаа од тренерот Антонио Конте и таа ситуација сака да ја искористи саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој бара начин како да го купи Интер без да има конфликт на интереси бидејќи веќе е газда на друг клуб, Њукасл.

Според италијанските медиуми, Интер ќе добие нови сопственици во 2022 година. Бин Салман има време да смисли како да ги издрибла прописите на УЕФА и да го купи клубот од Милано. Додуша во Европа веќе има еден случај ист газда да поседува два тима коишто играат во европските купови (Дитрих Матешиц, кој е прв човек на Ред Бул, ги поседува Лајпциг и Салцбург), па може УЕФА да замижи и со Бин Салман.

Се шпекулира дека Саудијците се спремни за Интер да потрошат околу една милијардна евра. Њукасл го купија за 350 милиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести