Сопственикот на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф, донесе одлука за значително зголемување на цените на билетите за натпреварите на „Олд Трафорд“, што предизвика огромно незадоволство кај навивачите на клубот.
Новите цени за членовите на клубот се зголемени од 40 на 66 фунти (48 на 79 евра). Според британските медиуми, Ретклиф се решил на овој потег со цел да ја подобри финансиската состојба на клубот, кој моментно е во долгови од 856 милиони евра.
Како дел од мерките за намалување на трошоците, претходно беа отпуштени 250 вработени, меѓу кои и клупската легенда Сер Алекс Фергусон.
Навивачкото здружение на Манчестер jунајтед објави соопштение во кое го искажува својот гнев поради зголемувањето на цените.
„Клубот не се консултираше со нас за оваа одлука, туку само нè извести за неа. Како оправдување наведоа дека на овој начин ќе се зголеми профитот на клубот. Се плашиме дека ова е само најава за уште поголеми зголемувања на цените во иднина. Доколку сега е потребно 132 фунти за еден родител да го однесе своето дете на натпревар, дали некој верува дека нивните апетити нема да растат?“, се прашуваат навивачите на Јунајтед.