20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Новите засилувања на Е. Пелистер најавуваат успешна сезона, Пешевски е нов капитен

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вчера ги започнаа подготовките за новата сезона во која ќе ја бранат титулата во македонскиот шампионат и ќе играат во Лигата на шампионите.

Битолчани од денеска се наоѓаат на 12-дневни подготовки во Маврово, и тука се новите засилувања Урош Борзаш, Нејц Цехте, како и Андреад Јохан Нилсен кои имаат големи очекувања во новата сезона.

„За мене Лигата на шампионите со Елверум значеше едно големо искуство и сакам да го пренесам тоа на екипата. Сакам да помогнам во било кој сегмент“, вели Борзаш.

Во новата сезона, Е. Пелистер ќе има двајца словенечки ракометари во тимот, на голманот Урбан Лесјак, му се приклучи и Нејц Цехте.

„Со Лесјак многу зборував за атмосферата во клубот и градот и ми кажа само убави зборови. Се надевам дека така ќе биде и оваа сезона и ќе успееме да освоиме што повеќе трофеи“.

Каспер Кисум повторно ќе има друштво од Скандинавија, по заминувањето на Хенеберг, во новата сезона член на Е. Пелистер ќе бидеАндреас Јохан Нилсен.

„Гледам некои видеа и „лудо“ е да се игра тука. Ова е поинакво искуство од сите претходно. Се надевам дека ќе победиме многу натпревари, а цел е и да го освоиме првенството“.

Во новата сезона ќе има и нов капитен, откако си замина Црногорецот Радовиќ, капитенската лента му е доверена на македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски.

- Оглас -

Најнови вести