Реал Мадрид го победи Манчестер јунајтед со 2:0 во пријателски меч одигран во САД. Кралевите дадоа еден гол на почетокот на мечот и еден во самиот финиш. Погодоците беа дело на двајцата фудбалери кои летово потпишаа за гигантот од „Сантијаго Бернабеу“.
Младиот Џуд Белингам, за кого беа платени 103 милиони евра, а чиј трансфер со бонуси може да достигне до 133 милиони евра, на фантастичен начин погоди за водство на Реал во шестата минута.
https://twitter.com/i/status/1684367811848679429
Се играше 89-тата минута кога искусниот напаѓач Хоселу, кој летово дојде од редовите на Еспањол, на фантастичен начин со ножички погоди за 2:0 и потврда на победата на Кралскиот клуб.