Новите засилувања на Реал се Алаба и играчите кои се вратија од позајмици?

Реал Мадрид во среда ја закажа промоцијата на Давид Алаба, австрискиот дефанзивец кој во Мадрид доаѓа како слободен играч по завршувањето на соработката со Баерн Минхен.

Шпанските медиуми тврдат дека тоа ќе биде сè од Кралскиот клуб што се однесува до нови засилувања ова лето. Наводно, претседателот Перес му соопштил на Карло Анчелоти да не очекува нови играчи на „Бернабеу“ освен оние кои се враќаат од позајмици. Привремените ангажмани на Одегард и Себалјос во Арсенал завршија, се очекува и Бејл да ја одработи последната година од договорот со Кралевите, откако ланската сезона ја мина во Тотенхем како позајмен играч, а во клубот се врати и Лука Јовиќ по позајмицата во Ајнтрахт.

Тоа значи дека Анчелоти ќе раководи практично со истиот тим кој Зинедин Зидан го остави по раскинот на договорот, со тоа што нов играч е Алаба, а го нема капитенот Серхио Рамос. Одлуката на Перес да не троши пари за нови аквизиции навестува дека Кралевите се откажуваат од Килијан Мбапе, барем за овој преоден рок, и ќе го чекаат Французинот да ја одработи последната година од договорот со ПСЖ и да го добие без отштета следното лето.

- Оглас -

Најнови вести