18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Новицки ќе добие посебна функција во Далас

Дирк Новицки за последен пат го носеше дресот на Далас во поразот од Сан Антонио во последниот меч од регуларната сезона во НБА. Четириесетгодишниот сега веќе пензиониран кошаркар настапи рекордно во 21 сезона како член на Маверикс, но тој нема намера да се раздели од тексашката франшиза.

Сопственикот на Далас, Марк Кјубан, планира да му даде посебна функција на Новицки во клубот, и тоа во блиска иднина. Како што изјави Кјубан, наскоро ќе се случи состанокот со Германецот во кој ќе се одлучува која ќе биде неговата идната позиција во Далас.

Тренер нема да биде, тоа е сигурно, Новицки ќе добие многу поважна улога, слична на амбасадор, а ќе биде инволвиран и во самиот проект на Далас.

- Оглас -

Најнови вести