Ново чудо на Дончиќ, погоди тројка на три секунди до крајот за втор брејк на Далас (Видео)

Кошаркарите на Далас дојдоа и до втората победа на гостувањето кај Минесота и веќе имаат предност од 2-0 во пресрет на двата домашни дуели. Гостите повторно победија тесно, за половина кош разлика, 108-109, откако Лука Дончиќ погоди тројка на три секунди до крајот, а домашните не го реализираа последниот напад.

Словенецот блескаше на паркетот и мечот го разврши со трипл-дабл ефект од 32 поени, 10 скока и 13 асистенции.

Минесота во првото полувреме на моменти имаше и +18, но на паузата замина со 12 поени разлика. На почетокот на третата четвртина таа предност се искачи и на +16, но тогаш почна да се топи предноста на домашната екипа, се до пслесниот шут за победа на Дончиќ.

- Оглас -

Најнови вести