16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Ново чудо од 16-годишната сензација: Губеше со 5:1 во решавачкиот сет и на крајот победи

Руската тинејџерка Мира Андреева се пласираше во третото коло на Австралија опен, откако во неизвесен меч ја победи Диана Пери од Франција со резултат 2:1 во сетови. Победата на Андреева е вистинско чудо, затоа што во првиот сет таа загуби со 6:1, а во решавачкиот трет сет имаше негатива од 5:1, но на крајот успеа да се врати во игра и да победи.

Француската тенисерка имаше дури и меч топка на сервис на Андреева при 5:2, но не ја искористи, па во третиот сет резултатот стигна до 6:6 и победникот мораше да се решава во тајбрејк. Во тие клучни моменти Андреева беше подобра и го доби тајбрејкот со 10:5 за конечна победа и пласман во следното коло, каде ја чека подобрата од дуелот меѓу Сторм Хантер и Барбара Крејцикова.

Андреева во првото коло направи изненадување откако славеше над фаворитката Онс Жабер, што беше прва победа за Русинката над некоја тенисерка која е во Топ 10 на ВТА листата.

https://twitter.com/i/status/1748218664325730626

 

- Оглас -

Најнови вести