Ново финале за Ѓоковиќ, со 3-0 го “збриша“ американецот Шелтон

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, без многу мака и максимално го совлада американецот Бен Шелтон во полуфиналето на САД опен со 3-0 (6:3, 6:2 и 7:6)

Првиот сет му припадна на Ѓоковиќ со 6-3, а клучниот момент беше брејкот во шесттиот гејм. Во вториот сет србинот беше уште поубедлив и дојде до водство од 2-0, откако го освои сетот со 6-2. Шелтон двапати не успеваше да го одбрани својот сервис, во петтиот и седмиот гејм и му дозволи на противникот на направи брејк.

Првите проблеми и првиот изгубен сервис за Ѓоковиќ дојдоа во самиот финиш на третиот сет, кога сите помисија дека натпреварот е готов. Србинот имаше брејк и водство од 4-2, но Шелтон успеа со рибрејк да дојде до 4-4 и да го внесе сетот во неизвесен финиш. Сепак, Новак Ѓоковиќ успеа да дојде до победата во тај-брејкот кој го доби со 7-4 на поени.

Противник на Новак Ѓоковиќ во големото финале на САД опен ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Алкарас и Медведев.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести