Манчестер сити се пласираше во полуфиналето на ФА купот, откако вечерва на свој терен го порази второлигашот Барнли со 6-0.
Првте три гола ги даде Ерлинг Халанд, кој дојде до бројка од 41 гол сезонава во сите натпреварувања, и му требаат уште три (Сити до крајот на сезонава може да игра уште 19 меча) за да го изедначи рекордот на Мохамед Салах и Руд Ван Нистелрој.
Халанд сезонава на „Етихад“ има играно 11 меча, а на шест од нив прави минимум хет-трик.
Повредениот Дарко Чурлинов не беше ни на клупата за резерви кај Барнли.
Ова е вториот гол на Халанд против тимот на Чурлинов:
https://twitter.com/i/status/1637159212718407681