Златан Ибрахимовиќ приреди ново шоу и даде два гола во градското дерби на двата тима од Лос Анџелес. Галакси како гостин на крајот одигра 3:3 против Лос Анџелес, иако имаше предност од два гола. Гол-шоуто започна уште во втората минута, а го почна токму Ибрахимовиќ. Погоди за 1:0, а потоа до 16-тата минута веќе беше и 3:1 за Галакси. Златан даде уште еден гол, а погоди и Павон за гостите.
Сепак, Лос Анџелес не се предаде. Блесинг беше расположен за игра и даде два гола во првото полувреме, а во вториот дел погоди и Вела за 3:3.
Покрај голеадата, погледнете ја и феноменалната кореографија на домашните навивачи кои го најавија спектаклот со безвременскиот хит на „Guns&Roses“.
https://www.youtube.com/watch?v=cOfQ86kddYg