21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ново гол-шоу во Бундеслигата во режија на Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд

Стандардниот термин од 15:30 часот во Бундеслигата ни донесе нови големи возбудувања и погодоци, а во главна режија беа Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд.

„Фармацевтите“ му дадоа пет гола на Аугзбург во победата од 5:1, а стрелци на погодоците беа Белараби (9′), Дијаби (24′, 65′, 69′) и Аларио (81′), додека за гостите единствениот гол го даде Мајер во 63-та минута.

Со оваа победа, Баер Леверкузен сега има 35 бода и се осамостои на третото место на табелата.

Борусија Дортмунд, пак, многу потешко од очекувањата, со 3:2 славеше на гостувањето кај Хофенхајм.

Халанд во 6-та минута донесе водство, додека Крамариќ во последните мигови од првиот дел израмни на 1:1.

Гостите со головите на Марко Ројс (58′) како и автоголот на Раум во 66-та минута дојдоа до два гола предност а конечните 3:2 беа дело на Рутер во 77-та минута.

БУНДЕСЛИГА 20-ТО КОЛО

Баер Леверкузен – Аугзбург 5:1

Борусија менхенгладбах – Унион Берлин 1:2

Гројтер фур – Мајнц 2:1

Фрајбург – Штутгард 2:0

Хофенхајм – Борусија Дортмунд 2:3

- Оглас -

Најнови вести