38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Ново големо достигнување на Ѓоковиќ, 900 недели во Топ 10 на АТП-листата

Новак Ѓоковиќ напиша уште една страница во својата богата историја во светскиот тенис, на денешното ажурирање на светската АТП ранг-листа, тој е на шестата позиција, што му обезбеди достигнување од 900 недели меѓу десетте најдобри.

Ѓоковиќ со тоа стана само третиот тенисер во историјата кој стигнал до оваа бројка. Пред него се само Роџер Федерер (968 недели) и Рафаел Надал (912). Четвртиот, Андре Агаси, е далеку зад нив со 665 недели во Топ 10.

Откако се повлече од претстојниот Мастерс турнир во Торонто поради повреда на препоните, следниот турнир на Ѓоковиќ во календарот ќе биде Мастерсот во Синсинати (7-18 август), каде што нема да има бодови за одбрана бидејќи го пропушти минатата година, па со добар резултат би можело да напредува на АТП-листата и да има малку полесна ждрепка на последниот гранслем годинава, Отвореното првенство на САД.

- Оглас -

Најнови вести