Српскиот репрезентативец и поранешен европски првак, Богдан Радивојевиќ, е нов член на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, кој во претстојната сезона ќе игра во Лигата на шампиоините.
Радивојевиќ, кој игра како десно крило, потпиша едногодишен договор, веќе е во Македонија и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Триесетгодишниот Радивојевиќ доаѓа како етаблиран ракометар кој веќе тринаесет години по ред игра во Лигата на шампионите, а во 2014 година со Флензбург триумфира во елитното натпреварување.
Тој во Е. Пелистер доаѓа од ПИК Сегед, а претходно настапуваше за Партизан, Флензбург и Рајн-Некар Левен.
Ракометарот е стандарден член на српската репрезентација, со која настапуваше на голем број големи натпреварувања.