Играчот за врска Идриса Гана Геје е нов играч на ПСЖ. Сенегалскиот репрезентативец пристигна од редовите на Евертон за сума од 32 милиони евра, плус два милиони евра во бонуси, а денес потпиша четиригодишен договор до 2023 година. Светците конечно ги добија услугите на дефанзивниот играч за врска откако имаа неуспешни обиди да го ангажираат во претходните два преодни рока.
„Горд сум што пристигнав во ПСЖ. Станав дел од клуб кој има врвна структура и голем проект. По завршувањето на Афкон, имав желба да направам чекор напред во кариерата и го одбрав вистинскиот клуб. Со нетрпение чекам да ја почувствувам атмосферата на ’Паркот на Принцовите’ која ме импресионираше во првиот мој престој во Франција“, истакна Геје при претставувањето.
Дваесет и деветгодишниот фудбалер пред преселбата во Премиер лигата, настапуваше за Лил од 2010 до 2015 година, каде што запиша 176 настапи за Данските доги.
За францускиот првак Геје е шесто летно засилување, откако претходно пристигнаа: Ерера, Дијало, Сарабија, како и младиот голман Булка и тинејџерот Бакер.
https://twitter.com/PSG_inside/status/1156112250572365826