Ново изненадување во Мајами: Хуркач го елиминира Циципас

Хуберт Хуркач направи ново пријатно изненадување на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мајами, откако со пресврт го елиминира вториот носител на турниот, Стафанос Циципас, со 2-1 во сетови (2-6, 6-3, 6-4).

Медведев како прв носител рано утринава претрпе пораз од Баутиста-Агут, па сега и Гркот кој беше втор фаворит на овој турнир, го заврши учеството во четвртфиналната фаза.

Циципас тргна одлично и со два брејка лесно го освои првиот сет, но потоа следуваше пад на неговата игра и концентрација, а сето тоа го искористи полскиот тенисер. Хуркач надополни два гема негатива, па со два украдени сервиси израмни во сетови, додека во решавачкиот сет му беше доволен еден брејк и една меч-топка за да се пласира во полуфиналето, каде што ќе го чека подобриот од дуелот Корда – Рублев.

- Оглас -

Најнови вести