Ново коло и нов лов на мобилниот телефон „ајфон 12“, Барселона има пеколно гостување

Играчите на Спортска прогноза немаа голем успех во изминатово коло, но тоа не значи дека треба да се разочараат затоа што веќе денеска се познати новите парови од 24-тото коло на оваа бесплатна игра на Sport Life.

Новото коло е и нова шанса за сите играчи во трката за освојување на прекрасниот мобилен телефон „ајфон 12“, кој се доделува за оној експерт што ќе успее да погоди 13 од 13 понудени парови.

Доколку бидете многу блиску до Среќна 13-ка, односно имате 12 или 11 погодоци, Sport Life ќе ви подари вредносни ваучери од по 1.000, односно 500 денари.

Во новото коло има многу интересни дуели, а дербито ќе биде во Шпанија. Валенсија е домаќин на Барселона во меч на кој каталонскиот гигант сака да остане на четвртото место на табелата. Сите 13 парови може да ги видите со кликлување на ПРОГНОЗИРАЈ.

- Оглас -

Најнови вести