Борусија Дортмунд ќе биде домаќин на Баерн Минхен во викендот што следи во германската Бундеслига, а токму овој меч е еден од 13-те понудени во новото, деветто коло на Спортска прогноза. Стандардно во понудата се натпревари од најсилните пет лиги во Европа, а главна цел на сите прогнозери е да се обидат да ги погодат сите 13 фикса, односно дали ќе биде „кец“, „двојка“ или „икс“.
За максимални 13 погодоци следува главна премија, а тоа значи дека прогнозерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11-ка следува ваучер од 500 денари. Во претходното коло ваучер од 500 денари си доби Наумче, кој погоди 11 натпревари.
Освен популарното „Дер Класикер“, што ќе се игра во Дортмунд, во ова коло ќе има уште неколку интересни средби кои ќе бидат предизвик за прогнозерите да ги погодат. Интер ќе гостува кај Аталанта, Фиорентина е домаќин на Јувентус, а во Англија ќе биде интересно да се види како ќе заврши мечот Њукасл – Арсенал.
Погледнете ја комплетната понуда за деветтото коло и веднаш може да ги дадете вашите прогнози.