Ново коло на Спортска прогноза и нова шанса да се дојде до вредни награди

Денеска почнува типувањето за новото 21-во коло на Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Стандардно, викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните лиги во Европа кои се играат в сабота и в недела, а најатрактивен натпревар е финалниот дуел во англискиот Лига куп меѓу Ливерпул и Челзи.

Во сабота се играат шест меча, а колото започнува со дуелот од Ла Лига меѓу Гранада и Валенсија. Три меча се од Серија А, и тоа: Сасуоло – Емполи, Салернитана – Монца и Џенова – Удинезе, а два натпревари се од Лига 1 (Лориен – Нант и Стразбур – Брест).

Во недела има уште седум натпревари. Освен ѕвездата на колото, ќе се играат и три меча од Ла Лига, и тоа: Кадис -Селта, Бетис – Атлетик Билбао и Лас Палмас – Осасуна. Два меча се од Лига 1, Ланс – Монако и Ле Авр – Ремс, додека честа на Бундеслигата во 21-вото коло на Спортска прогноза ја брани дуелот меѓу Аугсбург и Фрајбург.

Тука се и двата резервни пара Ајнтрахт Франкфурт – Волфсбург и Милан – Аталанта.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести