Почнува типувањето за новото, 24-то коло сезонава од бесплатната и забавна игра Спортска прогноза. Успешно прогнозирање за овие 13 натпревари од основната понуда кои треба да се погодат е предизвик за играчите и пат да се дојде до вредни подароци.
Помеѓу 13-те натпревари од новото коло, шест се саботни, а седум се играат в недела. Типувањето трае до сабота во 15 часот, кога почнува средбата Удинезе – Торино.
Недела е ден кога има неколку интересни мечеви и дербија како Вест хем – Астон Вила, Виљареал – Валенсија, Манчестер јунајтед – Ливерпул и Атлетико Мадрид – Барселона.
Тука се и резервните пара Хетафе – Жирона и Ленс – Ница, кои се сметаат во трката во генералниот пласман.
Најголемо внимание викендов привлекуваат мегапресметката од ФА купот помеѓу Црвените ѓаволи и Ливерпул на „Олд Трафорд“, како и битката на Јорганџиите и Каталонците во Мадрид. На Атлетико му треба победа во трката за место во ЛШ, а Барса да го задржи чекорот со фаворитот за титулата Реал Мадрид. Ливерпул, Атлетико и Барса ќе имаат и европски обврски деновиве.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами си го бирате.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!