Италијанското дерби е главниот предизвик во новото коло на Спортската прогноза

Вторник секогаш е резервиран за ново коло во бесплатната акциска понуда на Sport Lifе, Спортска прогноза. И овојпат како и секогаш, во понудата има 13 натпревари и два резервни пара.

Понудата започнува во сабота, со дуелот помеѓу Фулам и Лидс, кој започнува во 13 часот и 30 минути. Во саботната програма има уште четири натпревари, два од англиската Премиер лига, и тоа Брентфорд – Астон вила и Лестер – Вулверхемптон, и по еден од италијанската Серија А и шпанската Ла Лига. Од Италија е дуелот Сампдорија – Специја, додека од Шпанија е натпреварот Осасуна – Бетис.

Во недела ќе се одиграат дури осум натпревари, а доминираат дуелите од француското првенство, кои се најзастапени со три дуели.

Најинтересните натпревари ќе бидат во неделната вечерна програма: Лион – Марсеј, Јувентус – Наполи и Севиља – Виљареал.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

X Box Series X

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести