Ново коло, нова шанса да се освои Ајфонот – Играјте Спортска прогноза

Новото 24-то коло на Спортска прогноза е во тек. Прогнозерите уште сега може да ги приложат прогнозите на новите 13+2 парови кои го сочинуваат ова коло, во кое нема дерби, но речиси сите натпревари се доста тешки за прогнозирање.

Колото стартува со саботниот дуел меѓу Херта Берлин и Келн од Бундеслигата, а тој ден се играат уште четири меча, меѓу кои се Лестер – Манчестер сити, односно Фиорентина – Милан, од кои се очекуваат возбудили завршници.

Во недела се седум натпревари, од кои поинтересни се очекува да бидат Арсенал – Евертон и Хетафе – Севилја. Со понеделничкиот дуел Ајнтрахт Франкфурт – Унион Берлин се затвора колото, додека резервите кои се вклучени во Генералниот пласман се Саутхемптон – Астон вила и Осасуна – Гранада.

Подароците ви се добро познати. „Среќна 13-ка“ ќе ви донесе мобилен телефон IPhone XS. Вредносни ваучери од 1.000 и 500 денари има за оние со 12, односно 11 погодоци. Главната премија за најдобриот во Генералниот пласман е Смарт телевизор 48 инчи. Не чекајте и играјте БЕСПЛАТНО Спортска прогноза!

 

- Оглас -

Најнови вести