Ново коло, нови предизвици: Сите очи се вперени кон мечот кој ќе одлучува за титулата во Премиер лигата

Веќе е отворено типувањето за новото, 23-то, коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Нови 13 натпревари се предизвик за играчите да се погодат и да се дојде до вредни подароци од Sport Life.

Помеѓу 13-те натпревари, најмногу се од првенството на Франција, четири, по три меча се од Англија и Италија, два од Шпанија и еден натпревар од германската Бундеслига.

Секако, најголемо внимание викендов привлекува дерби-дуелот од Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Манчестер сити, двобој на водечките екипи на табелата. Овој натпревар многу лесно може да го одлучи и шампионот оваа година или да даде правец како ќе се одвива првенството, но може да направи и вистинска збрка, па со евентуално реми, Арсенал да избие на првата позиција.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести