Ново коло од Спортската прогноза, а во него ќе мора да одберете – Барса или Реал?

Почнува 31-вото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија – Спортската прогноза на Sport Life, а играчите имаат можност да ги погодат резултатите од 13 натпревари и да освојат вредни награди.

Љубителите на Спортската прогноза ќе имаат интересен викенд затоа што следува Ел Класико, веројатно најголемиот дуел во европскиот фудбал, кој овојпат ќе решава и за титулата во Ла Лига.

Барселона има четири бода предност во однос на Реал Мадрид, па Кралевите ќе мора да победат доколку сакаат да останат во трка за шампионскиот трофеј.

Во Италија се игра дуелот меѓу Лацио и Јувентус, а во Англија – Челзи го пречекува Њукасл.

Најуспешниот прогнозер со 13 погодени натпревари ќе може да избере еден од следниве подароци: Samsung 55” 4K Smart ТВ, Xiaomi електричен тротинет или PlayStation®5. За оние со 12 погодени натпревари следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11 погодени натпревари – ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести