Враќањето на клупскиот фудбал по предизвикувачката репрезентативна пауза ќе се одбележи и во новото, четврто коло на Спортска прогноза. Со новите парови во Среќна 13-ка прогнозерите добиваат нова шанса да го зграпчат примамливиот „ајфон 12“, што е главен подарок доколку се оствари максимален успех при прогнозирањето.
Од паровите може да се издвојат две дербија од италијанската Серија А, од кои во едно ќе учествува македонскиот бисер Елиф Елмас. Со неговиот Наполи, Елмас во сабота, во 18 часот ќе го пречека Јувентус на стадионот „Диего Марадона“ во обид екипата на Спалети да продолжи со победничката серија. Треба да се напомене дека Бјанконерите по две кола бележат реми и пораз, што значи дека тимот на Алегри ќе направи сé за да ги освои првите три бода во новата сезона.
Второто италијанско дерби е предвидено за во недела, а ќе се игра на „Сан Сиро“, каде што Милан како домаќин ќе го пречека разиграниот Лацио. Двата конкуренти за Скудетото се со максимален учинок по две кола и ќе се обидат да го задржат учинокот по овој меч.
Резервни дуели за ова коло се Саутхемптон против Вест хем од Премиер лигата и Менхенгладбах – Арминија Билефелд од Бундеслигата, додека за да ги проверите сите останати наптревари од ова коло, кликнете на копчето подолу за да се приклучите во бесплатната игра, за која е потребно само да се има СЛ-клуб картичка од Sport Life.