Ново коло Спортска прогноза: Овојпат две дербија се најголем предизвик

Четвртото пролетно коло на Спортска прогноза од денес е достапно за прогнозирање, во понудата се нови 13 парови со кои може да се освојат примамливите награди. Прогнозирањето ќе биде достапно до почетокот на првиот дуел од понудата, односно до сабота, 15:30 часот.

Повторно има интересни дерби-пресметки, а најголем акцент се става на градското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, како и на дуелот на „Етихад“ меѓу Манчестер сити и Челзи. Со малку повеќе среќа и знаење, може да се дојде до големи награди.

Време за типување има доволно, само треба добро да се анализираат и да се погодат понудените двојки во добропознатата „Спортска прогноза“ на Спорт Манија.

Првата награда за секое коло е прекрасниот мобилен телефон iPhone XS, а за да го имате во колекцијата треба да ги погодите сите 13 двојки. Со 12 погодени парови следува уште една многу вредна награда, мобилен телефон Samsung Galaxy A6 2018.

Во секое коло има и ваучери за погодени 11 и 10 парови, а со континуирано учество ќе останете во игра за првите пет позиции во Генерален пласман на популарната 13-ка, кои исто така носат вредни награди.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО КОЛО

Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, почнува и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.

1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници

- Оглас -

Најнови вести