Ново предупредување до странците кои ќе одат во Катар: 7 години затвор за секс надвор од брак

Англиските медиуми постојано објавуваат текстови во кои ги запознаваат своите навивачи со законите во Катар, и да знаат што ги чека ако не се однесуваат пристојно во оваа земја во која планираат да одат во голем број за време на фудбалскиот Мундијал во ноември и декември.

„Предупредување до напалените навивачи – 7 години затвор за секс авантура за една ноќ“, е наслов на текст во „Дејли стар“. Популарниот весник ги објаснува последиците кои ќе ги сносат навивачи кои би сакале да водат љубов со некоја жена која не им е сопруга.

Освен прељубата, илегална е и хомосексуалноста, а нема да има ни пиење алкохол и забави после мечевите, нешто на што се навикнати навивачите.

ФИФА постојано вели дека сите навивачи се добредојдени, но реалноста е малку поинаква. Многу Англичани имаат проблем да резервираат двокреветна соба, бидејќи немаат исто презиме.

- Оглас -

Најнови вести