Ново признание за Роналдо: Ѕвездата на Јувентус ја доби Златната нога за 2020 година

Кристијано Роналдо е добитник на престижната награда Златна нога за 2020 година. Ѕвездата на Јувентус доби повеќе гласови од Лионел Меси, Роберт Левандовски, Мохамед Салах и уште шестмина кандидати, па така стана првиот португалски фудбалер кој го добива ова признание во 18-тото доделување.

Роналдо се најде во елитното друштво со Роберто Баџо (првиот добитник на наградата во 2003 година), Роналдињо, Франческо Тоти, Роналдо Назарио и последниот добитник Лука Модриќ, чијшто отпечаток од нозете ќе биде вграден на Шеталиштето на шампионите во Монако.

Заедно со Роналдо, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, ја доби првата награда, престижната Златна нога, која се доделува во нова категорија за клупски претседатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести