Ново признание за тоа како се мести во Шпанија

Неодамна шпанскиот фудбал го стресе голем скандал со наместени мечеви. Беа уапсени повеќе луѓе, меѓу кои најзвучно беше името на некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво. Преку телефонски разговори беше докажано дека тие го наместиле дуелот од последното коло во Примера дивисион, кога пред неполн месец Валенсија со 2:0 победи на гости кај Валјадолид.

На снимените разговори точно се слуша договорот за тоа како треба да заврши мечот. Валјадолид загуби со 2:0, а погодоците на Валенсија беа постигнати по катастрофални грешки на одбранбените играчи.

Ново признание за наместени мечеви стигна и од некогашниот играч на Уеска, Иниго Лопес, кој сега е член на Депортиво Ла Коруња. Лопес призна дека дуелот меѓу Уеска и Химнастик Тарагона во Сегунда дивисион бил договорен бидејќи неговиот тим веќе имало обезбедено место во Примера.

„Загубивме бидејќи имавме договор. Секогаш постојат такви работи во фудбалот. Кога ќе го погледнете распоредот, веќе размислувате на одредени работи во финишот на сезоната. Едноставно си велите „па добро зошто да им ја отежнам работата на луѓето на коишто им се потребни бодовите“. Тоа сите го прават, но не се зборува за тоа“, вели Лопес, кој од јануари е член на Депортиво Ла Коруња.

Токму Ла Коруња вечерва игра против Малага во полуфиналето од плејофот за пласман во Примера дивисион.

 

 

- Оглас -

Најнови вести