Фудбалската репрезентација на Македонија ја завршува 2025 година на 66-тото место на ранг-листата на ФИФА, што би значело дека имаме пад од една позиција во однос на претходниот месец.
Сепак, поголемиот дел од репрезентациите немаа активности во декември, па и нема големи промени во рангирањето. Македонија беше мината само од Јордан, селекција која ќе игра на Мундијалот и имаше напредок од две позиции, додека најголемиот напредок во декември го имаше Виетнам, кој се искачи на 107-мото место.
Нема промени и во топ-10 селекциите, кои ги предводи Шпанија, а потоа следуваат: Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска.
Следното рангирање ќе биде објавено по завршувањето на Африканскиот куп на нациите, а следните активности за фудбалската репрезентација на Македонија ќе бидат кон крајот на март следната година, кога го играме баражот за пласман на Светското првенство против Данска.

