Ново разочарување на Наполи на „Диего Марадона“, не успеа да слави против тимот кој сезонава освои само четири бода на гости (Видео)

Фудбалерите на Наполи одиграа уште еден разочарувачки натпревар сезонава и ремизираа 2:2 против Фросиноне во 32-то коло во Серија А.

Ова беше 12-ти натпревари по ред за Наполи на кој не успева да ја зачува мрежата, а со денешното реми направи чекор наназад во битката за местата на табелата кои водат во европските купови. За тоа колку лошо игра сè уште актуелниот шампион, најдобро покажува податокот дека не успеа да го победи Фросиноне кој досега како гостин освои само четири бода.

Наполи по 32 кола е осми на табелата со 49 бода, колку што има и Лацио, додека шестата Аталанта има 50 бода, но има и два натпревари помалку.

Фросиноне со ремито скокна на 17-тото место со 27 бода, колку што има и 18-тата Верона која се наоѓа на позиција која води во Серија Б.

Мечот започна одлично за Наполи бидејќи Матео Политано во 16-тата минута го отвори резултатот. Голот на Политано може да го видите ТУКА.

Потоа Виктор Осимен не искористи неколку одлични шанси да ги зголеми водството по што Наполитанците ги стигна казната.

Голманот на Наполи, Алекс Мерет, во 30-тата минута го одбрани пеналот на Суле, но на стартот од второто полувреме не успеа да го спречи Чедира да ја затресе неговата мрежа.

Во 63-тата минута Осимен повторно му донесе предност на Наполи, но радоста на домашните навивачи траеше само десет минути бидејќи повторно Чедира погоди за 2:2.

 

- Оглас -

Најнови вести