Ново ремек-дело на Жиру (Видео)

Оливие Жиру повторно постигна прекрасен гол, со петица ја затресе мрежата на Далин и му донесе предност на Челзи од 2-0 на гостувањето кај Малме во Лигата на Европа.

Жиру е мајстор за велемајсторски погодоци, во кариерата постигна голем број голови што беа многу атрактивни, а и вечерва блесна.

По асистенцијата на Вилијан во 58-мата минута, Жиру реагираше мајсторски и со петица го совлада збунетиот домашен голман.

Погледнете го новото ремек-дело на францускиот напаѓач во редовите на Челзи.

- Оглас -

Најнови вести