Ново руско хокеарско чудо – 15-годишник имаше 105 поени на 25 меча

Напаѓачот на хокеарскиот клуб Локомотив Москва, Матвеј Мичков, е роден во 2004 година, а на 25 настапи во лигата во која играа хокеари од негова возраст, имаше дури 105 поени (67 гола и 38 асистенции). Тој беше прв стрелец и асистент на отвореното првенство на Москва, а вториот поентер имаше 56 поени.

Својот мегаталент, Мичков го покажа и во јануари во Лозана кога беше прв стрелец на руската репрезентација на младинските Олимписки игри и таму се закити со златен медал.

- Оглас -

Најнови вести