Златан Ибрахимовиќ продолжува со своите маестрални партии, иако е влезен во петтата деценија од животот.
Напаѓачот на Милан вчеравечер блескаше против Рома, а победата од 2:1 ја прослави на начин свјоствен само за него.
Тој на своите социјални мрежи објави видео во кое заедно со интернет-ѕвездата Кјаби Ламе, ја играат популарната серија „Сквид гејм“.
Италијанецот Ламе, којшто собра стотици милиони следбеници на интернет, се обидува да ја помине играта, но на крајот налетува на Ибракадабра, којшто му дава до знаење дека не може со мамење да се помине кај него, а насловот гласи: Моја игра, мои правила.
View this post on Instagram