Фудбалската репрезентација на Мароко со убедлива победа од 3-0 над Замбија во Рабат го потврди првото место во групата и обезбеди пласман во осминафиналето на Африканскиот куп на нации.
Очекуваниот триумф на „Лавовите од Атласот“ беше обележан со спектаклот на Ајуб Ел Каби, кој повторно ја воодушеви публиката. Напаѓачот на Олимпијакос го постигна својот втор гол со „ножички“ на турнирот, потврдувајќи ја одличната форма и неверојатната техника.
Ел Каби најпрво се запиша во листата на стрелци уште во деветтата минута, по асистенција на Унахи, а во второто полувреме, во 50-тата минута, ја крена публиката на нозе со атрактивен погодок по ново додавање од фудбалерот на Жирона. Иако голот беше подолг период проверуван од ВАР-собата, на крајот беше признат и уште еден „убавец“ беше додадена во неговата колекција.
#AFCON2025 keeps producing the goods. Morocco's 🇲🇦 Ayoub el Kaabi with a wonderful bicycle kick against Zambia 🇿🇲. #TotalEnergiesAFCON2025 #ZAMMAR pic.twitter.com/EldS7zOpzd
— Football Illustrated (@buang55609) December 29, 2025
Одличен настап имаше и Брахим Дијас, кој покрај погодокот во 27-та минута целосно го контролираше темпото на натпреварот и заслужено доби аплаузи при замената.
Во финишот на мечот, своите први минути на турнирот ги запиша и Ашраф Хакими, кој се врати на теренот по закрепнувањето од повредата и уште еднаш покажа колку значи за оваа селекција.
Пласман во осминафиналето обезбеди и Мали, кој по третото реми на турнирот, овојпат 0-0 против Коморските острови, продолжува во нокаут-фазата.

