Ново шоу на Исак – Реал Сосиедад го доби баскиското дерби (Видео)

Александер Исак ја продолжи прекрасната гол-серија со 8 погодоци на последните шест меча и повторно блескаше на баскиското дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао што заврши со победа на домаќините од 2:1

Шведскиот репрезентативец во 65. минута и „продаде“ одлична финта на одбраната на Атлетик и потоа го проигра стрелецот на водечкиот гол Порту.

https://twitter.com/Development2R/status/1226515085142773762?s=20

Во финишот на мечот во 83. минута со нов погодок, осми на последните шест натпревари за Реал Сосиедад донесе радост на „Аноета“ и бодови за пробив на шестата позиција во Ла Лига.

Почесниот погодок за гостите од Билбао го постигна Ињаки Вилијамс по одличната акција во 71. минута, но тоа не беше доволно да се освои барем еден бод на гостувањето во Сан Себастијан.

Атлетик остана на 31 бод на деветтата позиција, а двете екипи сезонава имаат шанса за освојување на трофеј, откако де пласираа во полуфиналето на шпанскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести