Австралискиот тенисер Ник Кирјос поради повреда го откажа настапот на гренслем-турнирот во Мелбурн, но и покрај тоа, си најде свое место во медиумите со учеството во чудна игра.
Кирјос беше дел од чудна игра, поточно испрашување „Кого би убил, со кого би се венчал, а со кого би имал секс“, а изборот мораше да го направи од големата тениска тројка, Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
„Тешко прашање, но веќе сум размислувал за вакво нешто бидејќи често ги гледам во соблекувалните на тениските турнири. Веројатно би се венчал со Новак, би го убил Рафа, а би водел љубов со Роџер“, е одговорот на Кирјос.
https://twitter.com/CristinaNcl/status/1618350589733384192?s=20&t=yJ0-F5F3wJSBp6O43xSIZA
Тој истакна дека има преголем респект кон големата тројка која заедно досега освои дури 63 гренслем-трофеи, а бројката може да се зголеми веќе в недела ако Новак триумфира во Мелбурн.
„Морате да бидете ментален монструм за да триумфирате на гренслем-турнир. Поради тоа имам преголем респект за Новак, Рафа и Роџер. Кога играв во финале против Новак, имав чувство дека е свеж, како да не играл тенис две недели претходно. За такво нешто е потребно голема самодоверба, а тие тоа го имаат“, додава Кирјос.