Кога се работи за Жозе Мурињо, никогаш не е досадно. На последниот ден од зимскиот преоден рок, Мурињо имаше прес конференција на која реши сам да си поставува прашања, а потоа и да си одговара.
„Прво прашање. Очекувате ли уште некој нов фудбаер во овој преоден рок? Првиот одговор: Не. Идеме понатаму. Второ прашање: Дали сте задоволни од направените трансфери? Да сум. Ете две прашања помалку. Трето: Зар нема да барате напаѓач.“, низ насмевка рече Мурињо на прес конференцијата.
Тотенхем зимава ги доведе Гедсон Фернандес и Стивен Бергвин, но сепак не беше доведен напаѓач кој требаше да биде замена за повредениот Хари Кејн.
https://twitter.com/i/status/1223263856186871810