Сигурно најголемата грешка која турскиот тим Бешикташ ја направи во летниот преоден рок беше одлуката да го доведе голманот Лорис Кариус од Ливерпул. Чуварот на мрежата кој се прослави благодарение на киксовите што ги направи во финалето од Лигата на шампиони, сезонава продолжува со своето шоу на грешки.
Најновите грешки на Кариус се вечерва во мечот на Бешикташ против Сарпсборг во Лигата на Европа. Само за шест минути откако почна мечот, Кариус направи две грешки, а домаќините ја затресоа неговата мрежа.
При првиот погодок на Сарпсборг, Кариус сакаше во улога на бек да реагира, но противничкиот играч стигна побрзо до топката и лесно погоди.
Karius having a mare… Again https://t.co/5k6uiZrMee
— Denny (@LFCDenny) November 29, 2018
За вториот погодок, Кариус „кумуваше“ бидејќи беше далеку од гол-линијата, па тоа го искористи еден од играчите на домашниот тим и со лоб-удар го матираше најголемиот киксер за 2018 година.
https://twitter.com/hulkhogan1903/status/1068235367168557058