Жозе Мурињо на прес-конференцијата пред мечот на Тотенхем со Барнли, се пошегува на своја сметка, иако новинарот кој му постави прашање, веројатно очекуваше Португалецот да се налути.
Прашањето беше како Мурињо ќе одговори на критиката дека како фудбалер бил мрзелив и здодевен.
„Вистина е. Таков бев. Што би направил јас да имав таков играч во екипата? Не би го играл, би го продал во друг клуб, ако треба и без пари, само нека го носи“ – изјави Мурињо со насмевка.
Мурињо од 1980 до 1982 година беше играч на Рио Аве, а критиката дека не го бивало како фудбалер дошле од Балтемар Брито, кој му бепе соиграч, подоцна и помошник во Униао Леирија, Порто и Челзи.
https://twitter.com/i/status/1235941529295949824