Ново шоу на Жозе: Загуби трпение и го напушти пресот (видео)

Жозе Мурињо беше видно незадоволен што неговата екипа испушти бодови на гостувањето кај Борнмут при разочарувачки 0-0. Тотенхем не е во добра форма откако продолжи сезоната во Премиер лигата, со Лигата на шампионите се збогува, па сега им остана да се борат за пласман во Лигата на Европа до крајот на првенството.

Колку состојбата не е на високо ниво во таборот на Петлите, покажа однесувањето на Мурињо по мечот на „Виталити“. Само што Португалецот се намести за виртуелната прес-конференција, Жозе ги тргна слушалките од глава по прашањето на еден новинар „Жозе, дали се слушаме?“, на што одговори со кратко „не“ и си замина.

- Оглас -

Најнови вести