28.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Ново српско чудо во НБА, се вика Никола Јовиќ (Видео)

Мајами хит добива многу добар талентиран кошаркар за следниот период, а 19-годишниот кошаркар се вика Никола Јовиќ. Не е Јокиќ, туку Јовиќ, а исто како и Јокиќ, во НБА дојде од Мега баскет. Како игра, можеби и ќе биде наследник на најкорисниот во најсилната лига на светот.

Јовиќ кој е роден во Велика Британија, на контролниот меч против Мемфис, за 23 минути игра имаше 13 поени, 8 скока и по три асистенциии блокади, покажа дека е сестран, па имаше и тројки од голема далечина, едно забивање, и убави додавања кои завршуваа со цепелин забивања.

- Оглас -

Најнови вести