Роналдињо веќе еден месец е дел од затворот во Асунсион и полека се прилагоди на условите кои ги има во оваа установа во Парагвај. Прославениот бразилски фудбалер беше уапсен откако сакаше во Парагвај да влезе со фалсификат-пасош.
Иако делуваше дека ќе помие со опомена, Роналдињо и брат му „заглавија“ во затвор. Бразилецот е вистинско шоу меѓу останатите затвореници. Делеше автограми, пиеше пиво со нив, а играше и фудбал. Некогашната ѕвезда на Барселона, Милан и ПСЖ освои и турнир во затворот, па неговиот тим како награда доби печено прасе.
Роналдињо сега испрати ново видео директно од ќелијата: Бразилецот му упати видеопорака на семејството на неговиот цимер Пабло Моралес. Инаку Пабло е поранешен полицаец, кој бил фатен како соработува со дилерите на дрога.
„Поздрав на сите од фамилијата Моралес. Овде јас сум со мојот цимер, мојот соиграч, напаѓачот Пабло. Добро сме…“, порача Роналдињо во краткото видео кое се појави, а очигледно требало да биде само порака за семејството на неговито цимер од ќелијата.
¡Saludos desde la cárcel!
Ronaldinho mandó mensaje a la familia de su nueva dupla en la delantera, Pablo, promete ir a jugar juntos cuando puedan salir de prisión. pic.twitter.com/RUKcYQ0KRR
— TVC Deportes (@TVCDeportes) April 6, 2020