Ново задоволство за фудбалските гурмани: Поранешните ѕвезди ќе играат на СП за играчи над 35 години

Во јуни оваа година ќе се организира неофицијално Светско првенство за фудбалери кои наполниле 35 години. Првото издание ќе се одржи во Англија, а ќе биде во организација на Elite Players Group и ќе го носи името ЕПГ куп.

На Светското првенство се очекува да настапат голем број фудбалски ѕвезди, а ќе учествуваат осум репрезентации, и тоа: Аргентина, Бразил, Франција, Германија, Италија, Уругвај, Англија и Шпанија, односно осум поранешни светски шампиони.

Натпреварите ќе траат по 70 минути, секоја репрезентација ќе има по 18-мина играчи во ростерот, а измените ќе бидат летечки.

Од она што е досега потврдено, за Англија ќе настапат Стив Мекманам, Мајкл Овен, Фанк Лампард и Роби Фаулер, додека за Аргентина учеството го потврдија Естебан Камбијасо, Хернан Креспо и Пабло Забалета.

За Бразил би требало да настапат Кака, Роналдињо и Ривалдо, додека Франција ќе биде предводена од Кристијан Карембу, Тиери Анри и Марсел Десаи. Боите на Германија ќе ги бранат Кевин Курањи, Месут Озил и Сами Хедира, додека за Италија ќе играат Марко Матераци, Фабио Канаваро и Франческо Тоти.

Шпанија со сигурност во своите редови ќе ги има Мичел Салгадо, Давид Виља и Карлес Пујол бидејќи овие играчи веќе го потврдија учеството, а кај Уругвај потврдени се Диего Лугано и Диего Форлан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести